По долгогодишното искуство, и континуираното испитување на пазарот и потребите на своите клиенти, „Авто-Мобил“ се одлучи на нашиот пазар да ги донесе амортизерите „NBNF“. Причината што Авто-Мобил се определи токму за „NBNF“ амортизерите е постојаниот и потврден квалитет, гаранцијата од 2 години, едноставниот и препознатлив дизајн, и пристапната цена. „NBNF“ амортизерите полека но сигурно го освојуваат Македонскиот пазар.
Како алтернатива, за луѓето кои не се секогаш во можност да одвојат дел од својот месечен буџет за купување на нови амортизери, Авто-Мобил нуди и репаратура на веќе истрошените амортизери на Вашето возило. Повеќедецениското искуство во областа на репарирањето на амортизери, ги побива тврдењата на некои скептици дека амортизарот е дел кој што е невозможно да се поправи. Гарнцијата за поправените амортизери е 15 месеци, а просечната издржливост им е 3-4 години. Така, можеме со сигурност да тврдиме дека нашите клиенти добиваат врвен квалитет за симболична цена.
Освен квалитетот, подеднакво важна за издрливоста и трајноста на амортизерите е и стручната монтажа на која во Авто-Мобил и се посветува посебно внимание. Специјалниот алат, стручната подготовка и искуството на тимот за монтажа, ни овозможуваат да им обезбедиме крајно брза монтажа на нашите клиенти. Наместо вообичаеното долго чекање, клиентите на Авто-Мобил за кратко време (од 15 минути до час и половина) заминуваат задоволни. Уверете се во нашата брзина и стручност.
Покрај амортизерите како главна дејност, во овој сервис можете да најдете и голем избор на делови за преден и заден трап (спони, чаури, јабучици,вилушки итн.) со одличен квалитет, пристапни цени и гаранција од 1 година. Заминете од Авто-Мобил безбедни, сигурни и задоволни.