ИНФО

Во почетокот на Ноември 2003 год. сервисот за амортизери Авто-Мобил продолжи со работа во новиот објект, лоциран веднаш зад бензинската пумпа во населбата Бутел 1 во Скопје. Новиот објект е граден според современи стандарди и е опремен со соодветна опрема за дијагностицирање и поправка. Сервисниот простор е со површина од 130 м2, со три работни места за брза интервенција и пробница за испитување на амортизерите на самото возило. Постои посебен погон за репарирање, со исто толку работни места, опремен со посебен уред - пробница за ригорозна контрола на квалитетот на извршената репаратура. Во сервисот има и посебни магацини за нови и репарирани амортизери. Во новиот сервис е задржана старата љубезност, стручноста и високиот квалитет на извршените поправки, како и високата професионалност. Најстара е традицијата што се провлекува повеќе од половина век. Авто-Мобил денес претставува идеална спрега меѓу старото и новото, што е продукт на потребите и растежот на овој реномиран сервис.